Ферибот полн со патници се судри со товарен брод во пристаништето на Крит ! Камерите го забележаа моментот кога патничкиот ферибот „Елирос“ и товарниот брод „Јосиф К.“ се судрија во пристаништето Суда.
Во моментот на несреќата, фериботот „Елирос“ пловел на редовна линија кон Пиреја со 100 патници, 32 патнички автомобили и 74 камиони. Во исто време, товарниот брод, кој превезувал 84 камиони, изведувал маневар за пристигнување во пристаништето.
Видеото ги прикажува драматичните секунди во кои двата брода се приближуваат еден кон друг за само неколку метри, по што се случува судир кој не можел да се избегне.
И покрај силниот удар, во оваа несреќа немаше повредени, истурање гориво или загадување на морето.
По инцидентот, товарниот брод бил закотвен во пристаништето во присуство на пристанишните власти, кои ги истражуваат точните околности под кои се случил судирот.
За двата брода, пловењето е привремено забрането додека не се извршат технички прегледи и не се издаде сертификат за пловидба.


