July 21, 2026

Нестабилно време до петок, можна е локална појава на град

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека до петок, под влијание на низа влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно, со повремени поројни врнежи од дожд и грмежи.

На повеќе места се очекува атмосферска нестабилност, додека локално процесите ќе се претворат во краткотрајни бури, придружени со силни ветрови и изолирани појави на град.

Според прогнозата, пообилни врнежи од дожд се очекуваат до петок, додека поради продорот на постудената воздушна маса од север, температурите значително ќе паднат.

Read Previous

Ферибот полн со патници се судри со брод кај грчкиот остров Крит