July 15, 2026

Ќе поевтини ли струјата од јануари 2027 – Премиерот со став по ова прашање

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли тврдењата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека земјава ја очекува тешка есен на енергетски план и повисока цена на електричната енергија.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека опозицијата со години шири, како што рече, неосновани прогнози за економски колапс и други кризи, кои, според него, не се оствариле.

„Веќе трета година од нашиот мандат цената на електричната енергија за граѓаните не само што не е зголемена, туку се обидуваме да најдеме формула од јануари да биде и пониска. За разлика од времето на Владата на СДСМ и ДУИ, кога цената на струјата порасна за една третина, денес зборуваме со конкретни и мерливи резултати“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Владата останува фокусирана на реализација на проекти и подобрување на животниот стандард на граѓаните, оценувајќи дека политичките критики од опозицијата се засноваат на „лажна реторика“, а не на факти.

Read Previous

Десет години од победата на националната волја во Република Туркије