July 15, 2026

Десет години од победата на националната волја во Република Туркије

На 15 јули 2016 година, обидот за крвавиот преврат на фетулаџиската терористичка организација (ФЕТО)  преку нејзините членови кои се инфилтрирале во Турските вооружени сили, беше спречен со одлучноста, решителноста, волјата, храброста, пожртвуваноста на турската нација и одлучниот и храбриот став на нашиот почитуван Претседател; турскиот народ застана зад демократските институции и власта која е избрана преку демократски избори. Во десетте години по обидот за преврат Туркије ги зајакна своите демократски институции и капацитетот за управување.

Победата на националната волја на нејзината десет годишнина

Поминаа десет години од обидот за државен удар извршен од страна на фетулаџиската терористичка организација (ФЕТО) вечерта на 15 јули 2016 година, која имаше за цел да го собори уставниот поредок на Република Туркије, Претседателот и легитимно избраната влада.

Ноќта на 15 јули 2016 година турската нација го ризикуваше својот живот во одбрана на нашата Република оснивана според принципот на “Суверенитетот безусловно и припаѓа на нацијата”, и легитимната влада која дојде на должност по демократските избори. За време на нападот на предавниците врз Големото национално собрание на Туркије која ја претставува волјата на нацијата, претставниците од владеачките и опозициските партии собрани во Собранието, обединувајќи се дадоа пораки на единство и солидарност.  Народот во Анкара, Истанбул и во уште многу градови им се спротивставија на членовите на ФЕТО кои ѓи користеа тенковите, воените авиони, хеликоптерите на нацијата против нацијата, излегоа на улица и докажаа дека нема да се покорат на државниот удар.

Предавничкиот обид за државен удар каде 253 наши државјани ги загубија своите животи, над две илјади наши државјани беа ранети, беше соборен како резултат на нашата нација која покажа општествен народен отпор кој служи за пример во историјата на светската демократијата. Одлучниот став на нашиот почитуван Претседател, меѓупартискиот консензус на нашите пратеници и заедничката волја и непоколебливиот став на нашата нација со сите  сегменти ја донесоа победата. 15 јули е победа на нацијата, на националната волја, независноста, демократијата.

Победата од 15 јули која влезе во историјата на светската демократија, претставува моќен пример за заштита на демократскиот легитимитет преку волјата на народот. Изложената волја на 15 јули не е само извор на заедничкиот успех на нацијата и заедничките вредности и достигнувања кои и денес ги присвојуваме, туку истовремено е и еп на самодоверба и единство. Таа е гаранција за долгорочна стабилност, независност и иднина на Туркије.

Потребно е сите да запомниме една важна работа, а тоа е дека ФЕТО чие што темно и валкано лице е откриено со судски одлуки и признавања од самата организација, не е само за Туркије, туку тое е сериозен ризик и за демократијата и институционалните структури во земјите каде што се наоѓа.

Во последователниот период, како резултат на сеопфатната борба на нашите демократски институции и силите за спроведување на законот, вклучувајќи ја и нашата армија, во јавниот и приватниот сектор се со цел расчистување од ФЕТО и поврзаните структури, се спроведоа правни процеси, и како резултат на сево ова се елиминира сферата на дејствување внатре во земјата. Туркије со расчистување на нејзините институции од ФЕТО, ги зајакна демократската издржливост и капацитетот на владеење, како една држава која е отпорна на кризи, стабилна и со висок институционален капацитет. Со едно сваќање на мобилизирање на домашните и националните можности, со активностите во полињата на надворешна политика, одбранбена индустрија, хуманитарна помош, безбедност, технологија, здравство, транспорт, инфраструктура и развој, ја зајакна својата моќна позиција во меѓународната сцена.

После 10 изминати години од обидот на кукавичкиот обид за државен удар, Република Туркије чиј што компас е национална волја и национален суверенитет, го одржува своето национално единство и заедништво, и безбедно чекори кон иднината. Туркије и во наредниот период ќе продолжи да игра активна улога како ефикасен, одговорен и одлучен актер на регионално и глобално ниво, во рамките на својата хуманитарна, претприемачка и ефикасна надворешна политика заснована врз база на мир, дипломатија, развој и соработка.

Фатих Улусој

Амбасадор на Република Туркије во Скопје

15 јули 2026 година

Read Previous

Бугарското претседателство евакуирано по дојава за бомба

Read Next

Ќе поевтини ли струјата од јануари 2027 – Премиерот со став по ова прашање