June 27, 2026

Регистрирани 7 пожари низ Македонија

До 18:00 часот се регистрирани вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, а 5 пожари се изгаснати.

Активни пожари:
Општина Прилеп – место викано Маркова Чешма (ниска вегетација);
Општина Василево – с. Нова Мала (ниска вегетација).

Изгаснати пожари:
Општина Струмица – с. Банско (депонија);
Општина Штип – населба Св. Недела (ниска вегетација и борова шума);
Општина Прилеп – с. Ропотово (ниска вегетација);
Општина Липково – с. Матејче (ниска вегетација);
Општина Струга – с. Заграчан (ниска вегетација).

Read Previous

РС Македонија ќе учествува во програмата EU4Health, вредна 4,4 милијарди евра

Read Next

Собранието го донесе Законот за судска служба