Охридскиот аеродором се отвори кон Полска. Со двата нови директни лета – едниот од Вроцлав, другиот од Катовице се отвараат значајни рути кои, според вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски ќе значат многу повеќе патници, многу повеќе туристи кои што доаѓаат во Македонија, многу повеќе луѓе кои што ќе доаѓаат да прават бизнис во Македонија и дополнително отвореност кон светот.
Од оваа недела исто така повторно почнуваат летовите од Белград и Истанбул до Охрид.
Николоски вчера посочи дека во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид и за околу два месеци, ќе биде целосно нов модерен аеродром.
„Реконструкцијата и надградувањето на охридскиот аеродром е нешто што долго време му требаше на аеродромот и еве конечно се случува“, нагласи тој.
