June 5, 2026

Инвестиции од преку 350 милиони евра во општините, 25 милиони евра за реконструкција на улици и патишта

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски рече дека за две години оваа влада има инвестирано 350 милиони евра за развој на инфраструктурни проекти во општините.

Николоски ова го истакна на средбата во ЗЕЛС со градоначалниците и претставниците од Светската банка, каде што разговараше за развој и реализација на проекти во општините.

„Имаше веќе два повика, едниот во 2024 година, другиот во 2025 година во вкупна вредност од 350 милиони евра за реализација на локални проекти, а ако на тоа ги додадеме и проектите кои што ги реализираме со поддршка на Светската банка, тогаш вредноста е далеку поголема. За две години во периодот јуни 2024 до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините. Рехабилитирани се 96 улици во 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта, што значи дека некаде околу 103 километри патишта се рехабилитирани, изградени целосно нови или во тек се на изградба во овој момент со поддршка на Светска банка“, вели Николоски.

Read Previous

Европа бара бакар, во Македонија развојот на рударството го кочат теории на заговори

Read Next

Мицкоски од Тиват: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство