May 6, 2026

73 илјади прекршоци за 3 месеци

Од 2 февруари до 30 април, преку системот „Безбеден град“ се регистрирани вкупно 73.340 сообраќајни прекршоци. Од нив, 19.066 се евидентирани во февруари, 26.241 во март и 28.033 во април, покажуваат податоците што ТВ21 ги обезбеди од Министерството за внатрешни работи.

Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, вкупно 70.365 случаи. Дополнително, регистрирани се 2.519 случаи на управување возило со истечена возачка дозвола, како и 456 случаи на минување на црвено светло. Повеќе од половина од прекршоците се евидентирани на територијата на Скопје – 37.706 или 51,4% од вкупниот број.

Значителен број прекршоци се регистрирани и на патните правци на Коридорот 10 со 18.288 случаи и Коридорот 8 со 13.608, додека најмал број е забележан во тетовскиот регион со 1.287 случаи. Според МВР, во овој период биле толерирани 411.962 возачи кои биле во рамки на дозволеното отстапување на брзината, додека 22.464 прекршоци се извршени од возачи со странски регистарски таблички.

Период: 02 февруари – 30 април 2026

Вкупно прекршоци: 73.340

Пречекорена брзина: 70.365 случаи

Скопје: 37.706 (51,4%)

Коридор 10: 18.288

Коридор 8: 13.608

Тетово: 1.287

Истечени дозволи: 2.519

Црвено светло: 456

Странски таблички: 22.464

Read Previous

МОН со системски пристап одговара на предизвикот на вештачката интелигенција во образованието