May 6, 2026

Премиерот на Северна Македонија најави дека земјата наскоро ќе оди на избори

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, најави дека земјата наскоро ќе оди на избори.

Мицкоски одговараше на новинарско прашање во однос изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој рече дека не гледа каде Бугарија го негира македонскиот идентитет.

„Јас жалам што тие повторно одлучија да коленичат на туѓите интереси наместо да застанат рамо до рамо со Владата, во одбрана на националните интереси“, рече Мицкоски.

„Но добра вест е што набрзо ќе има избори, по тие избори партијата што тој ја предводи ќе се маргинализира. И јас се надевам дека и тој и таквите како него засекогаш ќе исчезнат од политиката и ќе дојдат луѓе што си ја сакаат, си ја љубат татковината, кои се вистински патриоти и кои ќе се борат за оваа држава“, додаде тој.

Филипче вчера во изјава за медиуми истакна дека „ние не сме слушнале од Бугарија дека ни го негира идентитетот“.

„Ние имаме една работа и се знае што треба да се направи со цел вистински да почнат реформите и со цел вистински да продолжи патот на евроинтеграции, а тоа се уставните измени, со кои ништо нема да биде загрозено“, рече Филипче.

Read Previous

Авионската дезинсекција против ларви од комарци в четврток во Скопје

Read Next

По години застој, мостот што ќе ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба наскоро во функција