May 4, 2026

Анализите потврдија – водата во Скопје е квалитетна и безбедна

ЈП Водовод и канализација – Скопје го објави најновиот неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, со цел навремено информирање на граѓаните.

Во периодот од 27 април до 30 април 2026 година, Секторот за санитарна контрола извршил земање примероци од водата на повеќе локации низ главниот град. Анализирани биле 147 примероци за физичко-хемиски испитувања и уште 147 примероци за микробиолошка анализа.

Контролите биле спроведени на вкупно 39 мерни места на територијата на Град Скопје.

Според добиените резултати, сите испитани примероци целосно одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од претпријатието информираат дека водата што се дистрибуира до скопјани е здравствено исправна, безбедна и со соодветен квалитет за секојдневна употреба.

Read Previous

Авион принудно слета во Приштина по тепачка меѓу патници