May 4, 2026

Се зголемува бројот на туристи во Скопје

„Покрај статистиките кои покажуваат дека бројот на туристи во Македонија е зголемен, јасно се гледа дека тие го исполниле и главниот град. Да ги прашаме и да видиме зошто избрале токму да дојдат овде, во Скопје?!“ – вели новинарката на ТВ21.

„Бевме во Албанија пред да дојдеме тука“, изјави турист од Америка.

„Слушнав за Скопје, Скопје е 106-тата земја што ја посетив“, изјави турист од Германија.

„Почеток е на мај, одлучивме да дојдеме и за првпат да го видиме градот“, изјави туристка од Босна.

„Само поминувавме“, изјави туристка.

Туристите велат дека им се допаѓа земјата и гостопримството на луѓето, а една од главните причини зошто ја избираат е пониската цена во споредба со други држави. Во Скопје најчесто шетаат и го посетуваат Кањонот Матка.

„Го сакам ова место, луѓето се многу добри“, изјави туристот од Америка.

„Многу добро, многу љубезни луѓе, убави згради, ми се допаѓаат статуите. Бев вчера во Љубљана, тука е поевтино“, рече туристот од Германија.

„Тукушто пристигнавме, засега е многу, многу добро.

Прашање: Дали посетувате други градови во Северна Македонија?

-Бевме во Охрид, два дена, навистина е многу убав!“ – вели туристката од Босна.

„Бевме во музеј овде.

Прашање: Дали сте посетиле и други градови во Македонија?

Да, бевме во Охрид“, изјави друга туристка.

Според Државниот завод за статистика, во периодот јануари–февруари 2026 година, во споредба со истиот период лани, вкупниот број туристи се зголемил за 6,0%. Бројот на домашни туристи пораснал за 5,1%, а странските туристи за 6,5%.

Земјите од кои во февруари 2026 година пристигнале најмногу странски туристи се Турција со 5.011 туристи, Грција со 3.523 туристи, а потоа следуваат Србија и Германија.

Read Previous

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија