April 6, 2026

Владата со одлука: Акцизите за дизелот се намалуваат за 4, бензините за 2 денари

Во услови на растечки притисок врз цените на горивата, Владата најавува нова интервенција со цел да се ублажи ударот врз граѓаните и економијата. Одлуката за намалување на акцизите се очекува да биде донесена на утрешната седница, а првичните ефекти би можеле да се почувствуваат веќе од почетокот на следната недела.

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека исполнети се условите да ги намалат акцизите за дизелот за 4 денари, а на бензините за 2 два денара по литар.

-Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските преазници и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да поскапи некаде околу 7 денари, а бензините 1,5 до два денара. Со промената на акцизите претпоставувам дека цената на дизелот во понеделник ќе се коригира за околу 3 денари. Имајќи предвид дека полека но сигурно истекува попустот што го дава Окта од 3 денари за дизелот ќе ги обновиме разговорите со нив за да видиме дали ќе го продолжат попустот и понатаму. Доколку го продолжат понатаму ќе нема зголемување за дизелот од максималната цена што ја утврдува Регуалаторната комисија за енергетика. За бензините значи дека ќе поевтинат околу половина денар и доколку Окта го продолжи попустот од два денара за литар тоа значи дека ќе имаме повторно намалување за 2,5 денари на цената на бензините, изјави Мицкоски и додаде дека секако тоа ќе се одрази на Буџетот.

Конечната одлука за новите цени ќе ја донесе Регулаторна комисија за енергетика во понеделник, кога ќе бидат познати и точните корекции на пазарот на нафтени деривати.

Премиерот нагласи дека ваквите мерки ќе имаат влијание врз државниот буџет, но посочи дека Владата ќе продолжи со активни политики за заштита од ценовни шокови. Во таа насока, најавено е и продолжување на намалената стапка на ДДВ за горивата од 10 проценти за уште две недели.

Read Previous

Автобус со 85 патници, меѓу кои деца, фатен во Скопје – 37 повеќе од дозволеното, утврдени и технички неисправности

Read Next

Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди источна Турција