March 28, 2026

Наставниците од Скопското средно училиште Цветан Димов, ја реализираа првата фаза од ЕРАЗМУС+ проектот во Истанбул

Наставниците од Скопското средно училиште Цветан Димов, коe изведува настава на турски и албански јазик, учествуваат во едукативна програма во Истанбул во рамки на првата фаза од европскиот образовен проект Erasmus+.

Во соопштението на училиштето се наведува:

Во периодот од 23 до 27 март, директорот на училиштето заедно со наставниците Isuf Bislimi, Refet Memishi, Xhihan Ahmed, Mehmed Arif и Semiha Lama реализираа студиска посета во Истанбул, Турција, во рамките на европската образовна програма Erasmus+.

Овој проект има за цел унапредување на квалитетот на средното образование, усогласување со европските стандарди и интеграција на современи технологии во наставниот процес, со посебен акцент на вештачката интелигенција.

Делегацијата на нашето училиште беше пречекана од претставниците на проектот, г. Fatih Çelik и обучувачот г. Süleyman Seren, каде што беа реализирани професионални обуки во општина Пендик, Истанбул, во институција за напредно стручно образование.

За време на обуката, учесниците се запознаа со иновативни наставни методи, современи практики и успешни модели за организација на воспитно-образовниот процес. Исто така, беа реализирани посети на лаборатории и наставни простории, при што одблиску се запознаа со современата опрема и условите за работа.

Ова искуство претставува значаен чекор кон професионалниот развој на наставниот кадар и подобрување на квалитетот на образованието во нашето училиште. Стекнатите знаења и искуства ќе придонесат за подготовка на ученици кои ќе бидат поконкурентни и подготвени за предизвиците на иднината.

Read Previous

35% од населението е со прекумерна тежина – Охрид доби Центар за дебелина