Жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови, информираа денеска од ЈСП Скопје.
„Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција“, истакнаа од ЈСП.
Од таму посочија дека надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.

