March 25, 2026

Силен земјотрес на третиот крак во Грција, почувствуван и во Македонија

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на Републиката, беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Р. Грција, на околу 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0

Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува  III степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на земјотресот бил во околината на третиот крак на Халкидики, во близина на местото Неа Рода.

Read Previous

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 25 лица за безобѕирно управување на возило