March 25, 2026

Царинарница Скопје во 2025-та наплатила 5,7 милијарди денари повеќе во однос на 2024-та

Царинарница Скопје во 2025 година наплатила приходи во износ од 58,7 милијарди денари, што претставува раст од 11 %, или 5,7 милијарди денари повеќе во однос на 2024 година.

Од Царинската управа посочија дека Царинарница Скопје учествува со 53 % во вкупно наплатените приходи од увоз.

„Преку откриени нелегални дејствија изготвени се 24.566 записници по кои се донесени решенија за дополнителна наплата од 1,36 милијарди денари. Спречен обид за криумчарење на златен накит во вредност од половина милион евра. Откриен два тони фалсификуван прашок за перење и 2.500 сетови за инфузија без соодветна дозвола за увоз кои беа запленети и согласно закон уништени. Успешно спречени обиди за нелегална трговија со тутун при што запленети се повеќе од 1.500 штеки цигари и 204 килограми тутун за наргиле“, потенцираат од Царинската управа.

Од таму исто така велат дека Службата за надзор на иматели на одобренија (СНИО) која е под директна ингеренција на царинарница Скопје, во 2025 година извршила 92 теренски контроли при што кај 26 правни лица утврдила неправилности и изречени биле прекршочни платни налози на име на правното и одговорното лице во вкупен износ од 129.410 евра.

„Резултатите на царинарниците беа разгледани на седницата на Комитетот за координација и контрола на оперативното царинско работење“, додаваат од Управата.

Read Previous

Скопје ќе добие БРТ за 70 милиони евра

Read Next

Малолетникот кој изврши масовно убиство во Белград, повторно ќе сведочи против своите родители