Од Движењето „Сигурна Српска“ објавија дека нивниот претседател и градоначалник на Бања Лука Драшко Станивуковиќ, е приведен на хрватскиот граничен премин откако бил приведен неколку часа. Додадоа дека Станивуковиќ, по враќањето од Будимпешта, не дозволил да биде приведен и претресен, ниту пак дозволил да му бидат одземени личните работи.
Станивуковиќ објави на Фејсбук кратко по полноќ.
„Не им дозволив да ме притворат по 14-ти пат, да ме претресат, да ми ги земат приватните работи и да ги душкаат со нивните службени кучиња. Речиси е сигурно дека хрватската гранична полиција ќе ме држи на граничниот премин цела ноќ. Така нека биде!
Не го продавам моето достоинство и покажав почит кон сите. Ова не е прв пат, туку четиринаесетти. Истото го направија и кога патував за Будимпешта, бев приведен, претресен и чекав еден час куче-трагач да дојде и да ги мириса моите лични работи.
И така е веќе цели два месеци. Ова не е прашање на мене како човек и градоначалник. Ова е прашање на односите кон Србите. Во оваа борба, јас останувам смирен, достоинствен и исправен. А, вистината секогаш ќе си го најде патот“, напиша Станивуковиќ.
TV21


