Околу новата цена на горивата, Христијан Мицкоски порача дека нема место за паника, и дека има доволно количини, и покрај притисокот од граѓаните од соседството да точат гориво кај нас, со оглед дека, како што рече, имаме најниска цена на бензинот и дизелот.
„Факт е дека како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата. Тоа е добро од еден аспект, но од друг аспект во делот на пограничните општини, се создава притосок од соседството, затоа што голем број граѓани од соседсвото доаѓаат да точат кај нас, особено дизел гориво, и затоа на некои бензиснки пумпи брзо сменува гориво. Но брзо се нивелира, и нема прекини во снабдувањето. Очекуваме притисок и периодот кој следи, но имаме доволно количини, граѓаните да бидат спокојни. Разговараме со дистрибутерите кои ги снабдуваат граѓаните со гориво, во моментов нема оапсност од било каков недостаток. Како Влада ја следиме состојбата, можеби добра вест е утринава што на светските берзи цената е во опаѓање“, рече Мицкоски.


