March 10, 2026

Евакуација на македонски државјани од Бахреин: Во среда автобус до Ријад, потоа специјален лет за Скопје

Амбасадата на Македонија во Обединетите Арапски Емирати ги информира македонските државјани во Бахреин дека в среда ќе биде организиран транспорт за нивно враќање во земјава.

Според соопштението, на 11 март во 06:00 часот ќе поаѓа автобус на компанијата Flynas од Manama кон меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, од каде со специјален лет организиран од Владата ќе се реализира нивното враќање во Македонија.

Претходно, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека е во тек координирана евакуација на македонски државјани од повеќе земји на Блискиот Исток и дека операцијата се очекува да заврши до крајот на неделата.

Тој посочи дека по ескалацијата на безбедносната криза бил воспоставен кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва, со цел безбедна и организирана евакуација на македонските граѓани.




TV21

Read Previous

Муцунски: Евакуацијата е бесплатна, во текот на оваа недела сите македонски граѓани ќе бидат вратени во земјата