March 7, 2026

Мицкоски изрази поддршка за Катар во телефонски разговор со катарскиот премиер Ал-Тани

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес оствари телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани.

Мицкоски за деталите од разговорот информираше преку својот профил на социјалната мрежа Х, нагласувајќи ја поддршката за Катар во контекст на актуелните геополитички случувања.

„Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток“, истакна премиерот Мицкоски во својата објава.

За време на разговорот, двајцата соговорници размениле мислења за актуелните регионални и глобални предизвици, при што заеднички ја потенцирале неопходноста од одржување на мирот.

„Ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и соработката“, соопшти Мицкоски, додавајќи дека двете страни остануваат посветени на натамошно зајакнување на пријателските односи и отворање нови можности за соработка во интерес на граѓаните и економиите.

Read Previous

МНР на Бугарија со реакција по вандалскиот чин врз клуб на бугарската заедница во Битола

Read Next

Во недела започнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток, целосно ќе заврши до средината на неделата