March 7, 2026

МНР на Бугарија со реакција по вандалскиот чин врз клуб на бугарската заедница во Битола

По повод вандалскиот чин насочен кон клуб на бугарската заедница во Битола, бугарското Министерство за надворешни работи го објави коментарот на заменик-министерот Марин Рајков, пренесува Трибуна.

„Со загриженост констатираме дека уште еднаш е извршен напад врз еден од клубовите на бугарската заедница во Република Северна Македонија.

Ова дело го разгледуваме како одраз на политички спонзорираната и непрестајна кампања против илјадници граѓани на Република Северна Македонија кои се самоопределуваат како македонски Бугари.

Очекуваме официјалните власти во соседната земја да реагираат во согласност со обврските утврдени во Европскиот консензус од јули 2022 година и во одговор на европските стремежи на поголемиот дел од општеството во Република Северна Македонија.“

Read Previous

Се распушта Собранието во Косово, земјата оди на нови предвремени избори

Read Next

Мицкоски изрази поддршка за Катар во телефонски разговор со катарскиот премиер Ал-Тани