March 6, 2026

Се распушта Собранието во Косово, земјата оди на нови предвремени избори

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го распушти Собранието по неуспешниот процес за избор на претседател на земјата, отворајќи го патот за нови предвремени избори.

Османи одржа прес-конференција на која истакна дека во согласност со Уставот на Косово донела указ за распуштање на Собранието.

„Тука сум пред вас бидејќи претставниците на народот синоќа одлучија земјата да ја пратат на нови избори. Оваа ситуација можеше целосно да се избегне. Голема несреќа за оваа држава е што тие не го избраа интересот на Република Косово“, изјави Османи.

Таа рече дека по консултациите со политичките партии денес ќе биде одреден новиот датум за избори.

Потсетуваме дека Собранието на Косово синоќа, поради тоа што немаше доволно кворум, односно две третини од пратениците присутни во салата на пленарната седница, не успеа да избере нов претседател.

Мандатот на актуелната претседателка Османи завршува на 4 април 2026 година.

Read Previous

Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството