February 21, 2026

Обвинителството отвори истрага за тероризам против 20-годишен жител на Мала Речица

Според информацијата од Обвинителството, осомничениот на крајот на јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47, позната како „калашников“. Притоа навел дека има нарушено психичко здравје, а како инспирација го посочил нападот од 14 декември 2012 година во САД, кога 20-годишниот А.Л со автоматска пушка усмрти 26 лица, од кои 20 деца, во училиште.

Постапката била иницирана по добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје дека ФБИ поднело барање за итно откривање на „Discord“ профил лоциран во земјава, од кој биле упатени заканите. МВР, во координација со ОЈО ГОКК, презело активности за идентификација и лоцирање на сторителот.

На 17 февруари 2026 година, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, со асистенција на САЕ „Тигар“, извршиле претрес во дом и други простории во Мала Речица.

При претресот кај осомничениот биле пронајдени и одземени секира, пет ножеви со различна должина, телескоп, седум мобилни телефони „iPhone“ и компјутер. Од таткото на осомничениот бил одземен пиштол за кој поседувал дозвола, како и повеќе парчиња муниција. Дополнително, пиштол и автоматска пушка кои дедото ги поседувал без дозвола биле одземени, а против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Тетовo. 

Skopjeinfo

Read Previous

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од ОАЕ во нашата земја

Read Next

Косово не планира задолжителен воен рок, Маќедонци најави доброволен модел