February 20, 2026

Заглавување на крстосница ќе се казнува со 45 евра, а не 300 колку што е за поминување на црвено светло

Казна од околу 45 евра ќе се изрекува за возачи кои, иако влегле на зелено светло, остануваат заглавени на сред крстосница поради сообраќаен метеж. Ова го објасни министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, со што ја разреши дилемата на многумина скопјани дали ова ќе се третира како поминување на црвено светло, што ќе значи одземање на дозоволата.


Според Тошковски, возачите ќе бидат должни однапред да направат проценка дали има услови безбедно да ја поминат крстосницата, дури и кога семафорот покажува зелено светло. Во тест-периодот биле евидентирани вакви ситуации и системот веќе е прилагоден ова да се третира како „угушување” на крстосница.

Read Previous

Истрага против шест лица за марихуаната во Србија