February 20, 2026

Собранието на Косово го усвои буџетот за 2026 година

Собранието на Косово денес во второ читање го усвои предлог-буџетот за 2026 година.

Буџетот беше усвоен со 62 гласа „за“ и 36 „против“.

Тој изнесува околу 4 милијарди евра и беше оценет како привремен и итен бидејќи ќе се ревидира наредните месеци.

За време на седницата не беше усвоен ниеден амандман на опозицијата со финансиски импликации, додека беа поддржани два амандмана за вклучување средства во буџетот за општините Приштина и Штимле.

Read Previous

Германија донира техничка опрема и возила на МВР

Read Next

Истрага против шест лица за марихуаната во Србија