February 20, 2026

Странските директни инвестиции во Бугарија се зголемиле за 14,2% во 2025 година

Странските директни инвестиции во Бугарија се зголемиле за 14,2% минатата година во споредба со 2014 г. и достигнуваат 3.261,8 милијарди евра (2,8% од БДП). Во декември 2025 г. тие изнесуваат 383,2 милиони евра наспроти 176,6 милиони евра за декември 2024 г. Тоа го покажуваат прелиминарните податоци на БНБ, јавува 24 часа.

Најголемите директни инвестиции минатата година се од Нидерландија (635,9 милиони евра), Грција (476,9 милиони евра) и Италија (315,5 милиони евра), а најголемите нето негативни текови – кон Малта (257,3 милиони евра) и САД (216,5 милиони евра).

Според прелиминарните податоци реинвестираната добивка (која го покажува уделот на странските инвеститори во тековната добивка или загуба на друштвото врз основа на сметководствени податоци за финансискиот резултат) е позитивна и изнесува 3.694,7 милијарди евра, при позитивна вредност од 2.744,5 милијарди евра за 2024 г.

Read Previous

Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење во земјава

Read Next

Германија донира техничка опрема и возила на МВР