February 19, 2026

Македонско-Словачки бизнис форум во Скопје – Муцунски го оцени како „заедничката верба во силата на економското партнерство“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска го отвори Македонско-Словачкиот бизнис форум, што се одржа во Скопје и на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.

Муцунски во објавата на Фејсбук посветена на овој настан, истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.

„Истакнав дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство и додадов силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, сподели министерот.

Инаку, во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.

Skopjeinfo 

Read Previous

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Read Next

Во текот на ноќта и утре, врнежи од дожд и снег на планините