February 18, 2026

Во Албанија се одржува министерски состанок за Коридорот 8

Во Албанија денес се одржува министерски состанок за Коридорот 8, со фокус на дискусиите за унапредување на соработката во областа на поврзаноста, одржливоста и регионалната интеграција.

Министерскиот состанок се организира под покровителство на Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, со учество на делегации од министерствата за надворешни работи и други институции од неколку земји, вклучително од Албанија, Северна Македонија, Италија, Романија и Бугарија.

Шефицата на дипломатијата на Албанија, Елиса Спиропали, во Палатата на бригадите во Тирана ги пречека своите колеги и другите официјални лица учесници на министерскиот состанок, вклучително и министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, како и шефот на дипломатијата на Северна Македонија, Тимчо Муцунски.

Средбата има цел да ја продлабочи меѓувладината соработка за забрзување на развојот на Коридорот 8, според властите, како стратегиска транспортна, економска и безбедносна артерија.

Во рамките на министерскиот состанок ќе се одржи и економски форум за Коридорот 8 на тема: „Од стратегиска поврзаност кон регионален економски раст: Економскиот потенцијал на Коридорот 8“.

Read Previous

Утре во Охрид, показна вежба за евакуација по сценарио за случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност

Read Next

Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски