February 18, 2026

Ветерот направи проблеми низ земјава: Во Гевгелија летна кров од основно училиште, во Скопје паднати дрвја

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности.

Во Ново Лисиче во Скопје, на булеварот АСНОМ падна дрво. Се очекува интервенција, со оглед дека паднатото дрво се заканува да оштети неколку возила.

Од ЦУК известија дека на шест локации низ главниот град се пријавени паднати дрвја. 

Read Previous

Владата избра девет нови амбасадори

Read Next

Кинеските брзи возови наскоро на релација Будимпешта–Белград