February 11, 2026

Македонските министри ветиле во УНЕСКО дека државата ќе се грижи за Охридскиот Регион

Четворицата министри, Александар Николоски, Тимчо Муцунски, Зоран Љутков и Муамет Хоџа, како и градоначалниците на Охрид и Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, на првите луѓе на УНЕСКО им ветиле дека државата ќе се грижи за препораките на организацијата на ОН за заштита на Охридскиот Регион.

Вчера и денес тие во седиштето на УНЕСКО во Париз се сретнаа со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, и претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб. 
Во фокусот на разговорите, според соопштението од владината прес-служба била состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што била нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.
 
За време на средбите била потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион, како и подготвеноста за продолжување на соработката со Албанија во рамки на постојните механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на регионот.




Nezavisen

Read Previous

Реката Дрина во БиХ од година во година се задушува во тони отпад