February 9, 2026

Доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој ја закла сопствената мајка

Доживотен затвор доби Стојанче Зарков, штипјанецот кој во август минатата година во алкохолизирана состојба ја уби сопствената 84-годишна мајка, пренесува Канал 77. 

Зарков на рочиштата од судењето за убиството тврдеше дека не се сеќава дали ја убил мајка си.

Тврдеше дека највообичаено тој ден ги извршувал секојдневните обврски, купил јадење и лекови за неговата мајка и излегол на кафе. Вечерта дома се вратил со такси. Потоа вели дека бил во другата соба кога неговата мајка почнала да вика, а кога влегол кај неа забележал дека од вратот и тече крв. Повикал брза помош, а дошле и полиција и јавен обвинител.

Но, според доказите Зарков кога се јавил на итната медицинска помош се обратил со зборовите „ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“.

Со вештачењето на ножот и ДНК анализата на отисоците и крвта на ножот, неприкосновено беше докажано дека извршител на убиството е Зарков.

Стојанче Зарков меѓу штипјани е познат како поранешен угостител, препознатлив по кафеаната „Гроф“, која долги години работеше во штипската чаршија. 





Skopjeinfo

Read Previous

Бед Бани приреди шоу полно со политички пораки на Супербоул