February 9, 2026

Специјалниот суд: Обвинителството бара по 45 години затвор за Хашим Тачи и другите поранешни лидери на ОВК

Главната обвинителка на Канцеларијата на специјалниот обвинител (КСО) при Специјалниот суд во Хаг, Кимберли Вест, побара по 45 години затвор за секој од обвинетите, односно вкупно 180 години за четирите лица обвинети во случајот „Тачи и другите“, кој е главниот случај на овој суд.

Обвинителката Вест изјави дека не се бара казна за Генералштабот на Ослободителната војска на Косово (ОАK), туку за самите обвинети лица.

Вест исто така побара од Судот да ја земе предвид тежината на делата на секој обвинет.

„КСО бара осудителна пресуда за сите точки од обвинението со единечна казна од 45 години (за секој), заснована на индивидуалниот придонес во извршените или сторените злосторства од секое од лицата: Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Овие злосторства се воени злосторства и злосторства против човештвото и се сериозни злосторства, а овие обвиненија не ја изгубија својата вредност со текот на времето, продолжуваат да бидат многу сериозни“, рече Вест.

Додека судењето за Тачи, Весели, Селими и Красниќи е влезено во финалната фаза, Обвинителството, кое побара осум часа за завршни зборови, продолжува да ги презентира своите изјави преку објави од Генералштабот на ОВК.

Според обвинението против Тачи, Весели, Селими и Красниќи, тие се товарат за индивидуална кривична одговорност за злосторства извршени во контекст на меѓународен вооружен конфликт во Косово и биле дел од широко распространет и систематски напад врз лица кои се сомневале дека се против ОВK.

Тачи, Весели, Красниќи и Селими се обвинети за „заедничко криминално здружување“ поврзано со околу 100 убиства, како и за „мачeње и сурово постапување“ во околу 40 притворски центри во периодот 1998-1999 година.

Специјалниот суд со седиште во Хаг е основан во 2015 година од Собранието на Косово и е дел од судскиот систем на Косово, но работи со меѓународен персонал. Специјализираните оддели и Канцеларијата на специјалниот обвинител истражуваат наводни злосторства на припадници на ОВК, извршени против етнички малцинства и политички ривали од јануари 1998 до декември 2000 година.

Read Previous

Владина делегација во работна посета на Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО

Read Next

„Сејф сити“ за една недела изрече речиси 5 илјади казни во сообраќајот