February 2, 2026

Судењето за ПУЛС може да ги чини граѓаните и до 40 милиони евра

Адвокатот Петре Шилегов на денешното рочиште истакна дека тековната судска постапка за пожарот во „Пулс“ е финансиски многу скапа за државата.

Тој појасни дека еден ден судење чини околу 150.000 евра, што според него укажува на неекономичност на постапката, особено кога дел од обвинетите, како седумтемина полициски службеници, не можат законски да бидат гонети за тешките дела против општата сигурност.

Шилегов побара Јавното обвинителство да ги преиспита наводите во обвинението и да ја запре постапката за дел од обвинетите, за да се избегне дополнително трошење на јавни средства.

На неговиот предлог се приклучија и бранителите на другите обвинети, потенцирајќи дека непрецизните обвиненија создаваат дополнителни трошоци за државата и го одолговлекуваат судењето.





TV21

Read Previous

Во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Read Next

Во јануари пишани речиси 16.000 казни и уапсени 74 лица учесници во сообраќајот