January 23, 2026

Собранието денеска одлучува за старт на системот „Сејф Сити“

Процесот за воведување на системот „Сејф Сити“ влегува во завршна фаза. Собранието денеска ќе одлучува за измените во Законот за прекршоците, кои се услов за официјалното стартување на проектот. За измените е потребно двотретинско мнозинство, кое според најавите е обезбедено.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) потврди дека ќе гласа „за“ по лидерската средба со премиерот Христијан Мицкоски, со што се обезбедува поддршка покрај ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ и Левица. СДСМ најави дека нема да ги поддржи измените поради нерешени прашања во однос на управувањето со базата на податоци.

Со стапувањето во сила на законските измени, системот „Сејф Сити“ ќе почне да функционира во Скопје, Куманово и Тетово, како и на делници од Коридорите 8 и 10, каде досега камерите работеа пробно и испраќаа само опомени.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека од 1 февруари 2026 година ќе започне и санкционирањето на сообраќајните прекршоци, а до крајот на годината системот ќе се прошири на целата држава.

TV21

Read Previous

Четворица спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри

Read Next

Шефот на турската дипломатија се сретна со колегите од земјите на Балканот во Истанбул