January 23, 2026

Четворица спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри

Македонскиот Олимписки Тим во објава на Фејсбук сподели дека нашите претставници се подготвени за Зимските олимписки игри годинава.

„Тимот е подготвен! Ги имаме нашите претставници за Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026! Патуваме за Италија со четири потврдени олимписки квоти и тим подготвен да даде максимум на снегот, се вели во објавата на Фејсбук.

Честа да ги носат националните олимписки обележја ја имаат:

Нордиско трчање:
Ана Цветановска – Спринт и Интервал старт 10 км
Ставре Јада – Спринт и Интервал старт 10 км

Алпско скијање:
Јана Атанасовска – Слалом и Велеслалом
Мирко Лазарески – Слалом и Велеслалом

Read Previous

Мицкоски во Давос на инвеститорите им ги презентирал проектите „Бошков мост“ и „Чебрен и Галиште“