January 23, 2026

Шефот на турската дипломатија се сретна со колегите од земјите на Балканот во Истанбул

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес во Истанбул одржа одделни средби со колегите од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Црна Гора, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Средбите со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ, косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц, албанската министерка за надворешни работи Елиса Спиропали и заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ, се одржаа на маргините на Вториот состанок на Балканската платформа за мир.

Read Previous

Собранието денеска одлучува за старт на системот „Сејф Сити“

Read Next

На граничниот премин Блато кај Дебар лани минале рекордни над 1.42 милиони патници