January 16, 2026

Македонија одобри 10.000 работни дозволи за странци во 2026 година

Владата на Македонија ја утврди квотата за работни дозволи за странски државјани за 2026 година, со вкупно 10.000 ангажмани.

Најголемиот дел, 9.750 дозволи, е наменет за редовно вработување на странци, додека 200 се за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани.

Од квотата, 4.500 се за нови работници, а 5.250 за продолжување на дозволи за оние кои веќе работат во државата.

Министерството за економија и труд ќе го следи искористувањето на квотата и состојбата на пазарот на трудот.

Одлуката стапува на сила од денес, 16 јануари 2026 година. 

Skopjeinfo 

Read Previous

Шефот на македонската дипломатија за замрзнувањето на визите од САД: Не влијае врз другите постапки за американски визи