January 13, 2026

Одложено судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“


Главната расправа за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која требаше да се одржи утре, е одложена. 

Причина за одложувањето е изборот на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска за членка на Судскиот совет, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката „Пулс“ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска.

Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, бранителот е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово“, велат од Кривичен.

Инаку, Јошевска-Анастасовска е бранителка на обвинетиот Аднан Џаферовски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). 

Процесот за трагедијата во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, се наоѓа во доказна постапка.

TV21

Read Previous

Таксистите во Грција започнаа 48-часовен штрајк

Read Next

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика