February 19, 2026

Главната забелешка на Бугарија за Акцискиот план за малцинствата бил македонскиот јазик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека главната забелешка на Бугарија за Акцискиот план за малцинствата бил македонскиот јазик.

Освен Бугарија, ниту една друга држава членка на ЕУ, немала забелешки за овој документ.

Премиерот вели дека ова уште еднаш покажува дека проблемите со Бугарија се многу подлабоки и дека немаат врска со исполнувањето на Копенхагенските критериуми за членство во ЕУ. Тој исто така посочи дека во моментов нема контакти на релација Скопје – Софија, ниту на билатерално ниво, ниту со посредство на Брисел, за што ја обвини бугарската страна, која одбила иницијативи за неколку средби.

„До сега бевме воздржани бидејќи сето она за кое што ги предупредивме нашите партнери во Брисел се случи. А, ние ги предупредивме дека да го направиме и најдобриот акциски план за малцинствата, тој ќе биде одбиен од страна на бугарските власти. И тоа се случи“, рече денес Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите по отворањето нова детска градинка во Сопиште.

Притоа, тој го објасни целиот процес до сега, кој се одвивал неколку месеци наназад.





Zurnal

Read Previous

Скопскиот аеродром најавува силен раст на патници во 2026

Read Next

Мицкоски: Попова Шапка ќе прерасне во врвен туристички центар