February 19, 2026

Исчезнатиот Македонец, во пожарот во Швајцарија е пронајден починат

Македонецот Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат во страшниот пожар во Кран Монтана е пронајден мртов, неофицијално дознава “Фокус”.

Семејството и пријателите уште веднаш упатија итен апел до јавноста за помош, откако тој исчезнал за време на пожарот што избувна во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation) во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана, Швајцарија.

На Нова Година, Швајцарија се разбуди со катастрофалната вест за пожар во бар во Кранс-Монтана, во кој загинаа неколку десетици лица, а над стотина повредени, од кои многумина сериозно. Додека жалиме за трагично загубените животи и оддаваме почит на напорите на првите одговори, нашите мисли се со семејствата на жртвите и повредените“, пишуваше на профилот на швајцарската Амбасада во Македонија.





Fokus

Read Previous

Мицкоски очекува од новиот државен јавен обвинител да застане на страната на правдата

Read Next

Скопскиот аеродром најавува силен раст на патници во 2026