Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На рочиштето се очекува сведочење на законските застапници на оштетените.
Пазарните инспектори преку своите бранители изнесоа забелешки кон Обвинителството, наведувајќи дека правната конструкција е погрешна и дека во јавноста се пласираат неточни информации за нивните ингеренции и за статусот на објектот.
Пожарот избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“, при што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Бројот на посетители вечерта бил поголем од капацитетот на дискотеката.
Истата работела и без дозвола, со пиротехнички средства активирани без согласност.
TV21

