February 13, 2026

Пронајдени над 9.000 парчиња пиротехнички средства во Гостивар

На 27.12.2025 во 22:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода А.К.(43) од Гостивар поради основано сомнение дека извршел кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. 

При преглед во неговото патничко моторно возило „бмв” со гостиварски регистерски таблички, во багажникот се пронајдени и одземени 9095 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

TV21

Read Previous

Курти прогласи „историска победа“ на предвремените парламентарни избори во Косово

Read Next

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“