December 27, 2025

Средба Николоски – Улусој: Турција значаен трговски партнер на Северна Македонија

Вицепремиерот на Северна Македонија и министер за транспорт, Александар Николоски, денес оствари работна средба со амбасадорот на Турција во земјата, Фатих Улусој.

На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, потврдени се добрите билатерални односи меѓу Северна Македонија и Турција како традиционалнo пријателски и значајни за двата народа. 

На средбата е разговарано и за инвестиционата политика на Владата, со фокус на планираните инфраструктурни проекти, и отворено е прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор.

Николоски од своја страна истакнал дека Турција е значаен трговски партнер на Северна Македонија, со потенцијал за зголемување на надворешнотрговската размена и со значаен број турски инвестиции во земјата. 

Тој нагласил дека Владата во континуитет работи на унапредување на условите за инвестирање во земјата. 

На средбата е разговарано и за актуелните состојби меѓу двете држави, цврстите меѓусебни врски и добрата соработка.

Вицепремиерот Николоски изразил благодарност за досегашната поддршка на Турција и ја нагласил потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.

Read Previous

Едногласно усвоен Буџетот на Град Скопје, Ѓорѓиевски најавува преродба

Read Next

Дел од Македонија утрово го стресе земјотрес