December 23, 2025

Грција воведе сообраќајни камери со вештачка интелигенција

Сообраќајните камери со вештачка интелигенција во поширокото подрачје на Атина регистрирале повеќе од 2.000 сериозни сообраќајни прекршоци за само четири дена, покажаа резултатите од пилот-проектот на грчките власти.

Од вторник до петок, една камера со вештачка интелигенција инсталирана на авенијата Сингру наводно регистрирала повеќе од 1.000 прекршоци поврзани со употреба на мобилни телефони и неносење безбедносни појаси, објави „Катимерини“.

Во истиот интервал, регистрирани се околу 800 случаи на пребрзо возење на делот од патот каде што ограничувањето е 90 километри на час.

Исто така, беа регистрирани 480 прекршоци за поминување низ црвено светло.

Пилот-програмата, која започна минатата недела на осум локации со висок ризик по препорака на грчката полиција, е дел од поширока иницијатива за подобрување на безбедноста на патиштата.

– Ова е политичка одлука со јасна општествена цел. Станува збор за намалување на бројот на сообраќајни несреќи и спасување на човечки животи – изјави министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу.

Според него, целта на оваа акција е одвраќање, а не казнување.

– Сакаме граѓаните да знаат дека правилата важат за сите и дека се спроведуваат на фер и современ начин – рече тој.




TV21

Read Previous

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето

Read Next

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство