December 5, 2025

Ѓорѓиевски: После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вечерва ги потпиша решенијата за исплата на субвенции за клима уреди на жителите на главниот град. Тој рече дека оваа мерка се воведува после пауза од две години.

„После две години, скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди Доцна вечерва ги потпишав решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје. Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди во 2025 година, кои ќе носат пониски трошоци, повисока енергетска ефикасност и значително подобри услови за живеење. Со инвестирање во клима уреди, правиме чекор напред кон почиста и поздрава животна средина. Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје. Градот Скопје ќе им ги надомести трошоците за набавка на уредот во износ до 20.000 денари по домаќинство, во нето износ, а данокот на личен доход целосно ќе го покрие Градот. Во периодот што следи, ќе продолжиме со нови јавни повици за субвенции, со цел да го олесниме секојдневието на нашите сограѓани и да го направиме нашиот град подобро место за живеење“, напиша Ѓорѓиевски.





TV21

Read Previous

Во Скопје одржан настан по повод Светскиот ден на турското кафе