December 6, 2025

Муцунски во Виена ги презентираше владините политики за привлекување нови странски инвестиции

Во рамки на работната посета на Виена, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со компаниите, членки на Здружението на индустријалци.

Во своето обраќање пред претставниците на приватниот сектор, министерот Муцунски ги информираше австриските бизнисмени за новите можности за економска соработка, економските и трговските политики на Владата, како и за мерките насочени кон привлекување странски инвестиции.

На средбата се дискутираше за можностите за продлабочување на соработката во делот на инфраструктура, енергетика, дигитализација и технолошки иновации, со цел зголемување на трговската размена и инвестициите.





TV21

Read Previous

Ѓорѓиевски: После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди

Read Next

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ