December 5, 2025

Во Скопје одржан настан по повод Светскиот ден на турското кафе

Во Скопје денес се одржа настан по повод 5 декември, Светскиот ден на турското кафе.

Поранешниот претседател на Северна Македонија, Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, претставници на турските институции и организации во земјата, претставници на локалните медиуми и гости присуствуваа на настанот што се одржа во резиденцијата на Амбасадата на Турција во Скопјe.

Амбасадорот Фатих Улусој им даде информации на гостите за турското кафе и им се заблагодари за учеството.

Тука гостите имаа можност да дегустираат турско кафе, како и храна и пијалаци специфични за турската кујна.

Секоја година во Турција и во многу други земји низ светот се одржуваат настани за турското кафе, кое беше вклучено во Листата на нематеријално културно наследство од УНЕСКО во 2013 година.

Read Previous

Адем Чучуљ ја презеде претседателската функција на антикорупциската комисија

Read Next

Ѓорѓиевски: После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди