December 4, 2025

Симулациска вежба за евакуација при земјотрес и пожар во „Песталоци“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски сподели дека денес присуствувал на симулациска вежба за евакуација при земјотрес и пожар во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, каде што 515 ученици и вработени беа евакуирани брзо, организирано и безбедно.

„Овие вежби не смеат да бидат формалност. Мора да станат редовна пракса во сите училишта, затоа што навремената и точна реакција спасува животи. По трагичниот пожар во објектот Пулс во Кочани, уште повеќе мора да ја подигнеме свеста за важноста на безбедносните подготовки“, истакна Герасимовски.

Додаде дека имале можност да видат и демонстрација на прва помош, а во вежбата активно учествувале екипи на СВР, Црвениот крст и НОУП Центар, кои ги тестирале своите процедури и координација.

„Во Општина Центар ќе продолжиме со инвестиции во безбедноста и редовни обуки во училиштата, затоа што најважно е секое дете да биде заштитено“, порача Герасимовски.




Skopjeinfo

Read Previous

Над 50.000 прекршоци регистрирани за еден ден

Read Next

Општина Центар воведува паметен систем за следење на бучавата во критични делови на градот