Според податоците од системот „Сејф Сити“, на ден 2 декември 2025 година се евидентирани вкупно 50.652 сообраќајни прекршоци.
Најголем дел од нив, 48.861 прекршок, се однесуваат на возење со надминување на дозволената брзина.
Дополнително, 1.366 возачи ја поминале крстосницата на црвено светло, додека 425 возила биле откриени како нерегистрирани.
Податоците ја потврдуваат важноста од почитување на сообраќајните правила и мерките за безбедност на патиштата.
TV21

