Општина Центар започна со поставување на паметен систем за мерење на бучавата на 30 критични локации низ градот, со цел континуирано следење на звукот и навремено алармирање кога нивото на бучавата ќе надмине дозволените граници.
Според градоначалникот Горан Герасимовски, досега се инсталирани 19 уреди на улиците Дебар Маало, „Орце Николов“, „Мирослав Крлежа“, „Отон Жупанчиќ“ и на локациите „Боемска 1“ и „Боемска 2“.
Во наредниот период, системот ќе се прошири и на други локации, меѓу кои улиците „Ленинова“, „Капиштец“, „Буњаковец“, кејот „13 Ноември“ и Кале.
Герасимовски истакна дека со воведувањето на ваквите современи решенија, Општина Центар има за цел да обезбеди помирен и поудобен живот за граѓаните.
TV21


